26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.02.2018

Дневен хороскоп 19.02.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Малку сте уморни од настаните на работа во последно време. По силните случувања и обврски ќе ви биде потребен одмор. Не се двоумете, земете одмор.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Преполни сте со некоја енергија која не умеете да ја потрошите. Од некоја причина не знаете да ја употребите и искористите својата интуиција. Ќе ви биде полесно кога ќе му се доверите на некој најдобар пријател.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Полни сте со себе и на пат сте да остварите големи планови. Знаете дека ќе успеете се да постигнете со време. Денот ќе ви донесе низа нови можности, дочекајте ги подготвени.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Вашето присуство е пожелно на секоја забава. Ова вас зависи дали ќе сакате да ја искористите ноќта да запознаете некоја личност која сака да ви се приближи. Ќе плените со духовитоста.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Време е да преземете иницијатива и да покренете нови активности на работа. Позитивно зрачите па би било добро пред соработнциите да ги изнесете вашите идеи. Саканото лице ќе биде презафатено, нема да може да биде со вас.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Добри вести ќе ви пристигнат од странство. На некој вашите идеи му делуваат интересно. Не очекувајте бајки, но сепак ќе ви се остварат плановите.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете засилено чувствителни и лесно ќе влегувате во кавги. Обидете се да се запрете, за подоцна да не се покаете. Во љубовта одлично ви оди со партнерот, сите нешта се на свое место.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Цел ден ќе бидете поспани, па нема да успеете да ги забележите забрзаните промени кои се случуваат. Одеднаш ќе се разбудите и ќе бидете во шок. Во љубовта ситуацијата не е многу поволна, се однесувате како диктатор.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес ќе бидете напнати бидејќи ќе ви бидат откажани некои финансии. Побегнете од атмосферата која не ви се допаѓа, тоа е сосема во ред. Партнерот два пати ќе ги проверува вашите изјави.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Многу заостанати работни обврски ќе ги финиширате. Конечно се наѕира епилогот на нешто што одамна го очекувате. После долгото чекање опуштете се во друштво со партнерот.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ова е ваш ден, коцките ви се подредени. Работите ќе се решаваат сами по себе. Пријатно ќе бидете изненадени од случувањата. Партнерот ќе стои до вас како најголема поддршка.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе се инаетите и ќе одите со главата во ѕид. Преку глава ви е од чекање и цупкање во место. Мислите дека ќе се смирите ако решите се наеднаш , но тоа не е така, затоа не мачете се. Партнерот ќе ве осуди за некои постапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП