Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

„Возвишување“ – објавен романот за авантурите на еден револуционер

Време: 11:49

Датум: март 20, 2017

Категорија: КУЛТУРА

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје објавува дека наскоро од печат излегува романот „Возвишување“ од бугарскиот писател Милен Русков.

Романот е добитник на Наградата за литература на Европската унија во 2014 година, како и на наградите „Златен век“ на Министерството за култура на Бугарија и на националната книжевна награда „Христо Г. Данов“. Преводот на македонски е на Душко Крстевски.

„Возвишување“ се случува во Бугарија во 1872 година. Ова е време на самообразование и на преданост кон идејата за ослободување од угнетувачите. Претенциозниот раскош на револуционерните идеи се пробива и до свеста на две момчиња, чесниот полуобразован Гичо и неговиот наивен пријател, клептоман, Асен. Вооружени со пиштоли и со книги, од градот Котел тргнуваат да се приклучат на група разбојници револуционери. Со нив учествуваат во кражба на турски даночен конвој кај преминот Арабаконак – настан што ќе го означи пресвртот во нивните трагикомични авантури.

Овој напад е добропознат во историјата и поттикнал силна и безмилосна реакција на корумпираните османски власти и довел до масовни апсења и уништување на Внатрешната револуционерна организација.

Според оцените на критиката, поради оригиналната тематика и стил, „книги како оваа ниту се пишуваат лесно, ниту се објавуваат често“.

Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската унија.

Милен Русков (роден 1966) е бугарски писател и преведувач. Докторанд е по лингвистика. Автор е на три романи, сите наградувани со различни книжевни признанија. Како преведувач од англиски, превел дваесетина книги од автори како Томас де Квинси, Џером К. Џером, Мери Шели, Мартин Ејмис, Рави Хаж.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • За најдобар фестивал во Европа е прогласен „Егзит“

    За најдобар фестивал во Европа е прогласен „Егзит“

    Новосадскиот фестивал „Егзит“ е прогласен за најдобар фестивал во Европа во 2017 година. Ова беше објавено вчеравечер на доделувањето на Европските фестивалски награди во Холандија.…

  • Ирански филмови во Кинотека

    Ирански филмови во Кинотека

    Филмски циклус посветен на современиот Ирански филм ќе се одржи од 22 до 27 јануари, во Кинотеката на Македонија. Иранската кинематографија е една од најистакнатите…

  • Бесплатен филмски маратон во кино „Милениум“

    Бесплатен филмски маратон во кино „Милениум“

    Во рамките на традиционалниот мултимедијален настан „Роденден“, кој секоја година се одржува во организација на Младинскиот културен центар, кино „Милениум“ утре на своите посетители ќе…

  • Кинески класичен танц во Велешкиот театар

    Кинески класичен танц во Велешкиот театар

    Во понеделник, 22 јануари, на големата сцена на театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес со почеток во 20 часот ќе гостува танцовата претстава „ФЕН МО“ на…

  • Вечер со поезијата на Павлина Климкар Меанџиева во Велешкиот театар

    Вечер со поезијата на Павлина Климкар Меанџиева во Велешкиот театар

    Во вторник, 23 јануари, во фоајето на театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес со почеток во 20 часот ќе се одржи вечер со поезијата на Павлина…

  • „Ромео и Јулија“ на Пројковски прогласена за најдобра театарска претстава во Труција за минатата година

    „Ромео и Јулија“ на Пројковски прогласена за најдобра театарска претстава во Труција за минатата година

    Театарската претстава „Ромео и Јулија“ во продукција на Националниот театар од Истанбул, а во режија на Дејан Пројковски е прогласена за најдобра претстава за 2017…

  • „Само сенка на она што доаѓа“ – самостојна изложба на Тони Попов

    „Само сенка на она што доаѓа“ – самостојна изложба на Тони Попов

    На 17 јануари од 20 часот во Јавна соба ќе се одржи втората самостојна изложба на Тони Попов, со наслов „Само сенка на она што…

  • Филмот „Исцелител“ ќе се прикажува на најголемиот филмски фестивал во Норвешка

    Филмот „Исцелител“ ќе се прикажува на најголемиот филмски фестивал во Норвешка

    Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се прикажува на најголемиот интернационален филмски фестивал во Норвешка – Тромсо. Премиерата ќе се одржи на 16 јануари,…

  • „Чудото од дете“, Даниел Харитонов, на заеднички концерт со Македонската филхармонија

    „Чудото од дете“, Даниел Харитонов, на заеднички концерт со Македонската филхармонија

    Македонската филхармонија првиот симфониски концерт во новата 2018 година ќе го одржи на 18 јануари, четврток, со почеток во 20 часот, под наслов „Лауреати“. Заедно…

  • Објавен романот „Исушено блато“ од хрватскиот авангардист Јанко Полиќ Камов

    Објавен романот „Исушено блато“ од хрватскиот авангардист Јанко Полиќ Камов

    Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје неодамна го објави романот „Исушено блато“ на најконтроверзниот хрватски писател и предвесник на хрватската авангарда – Јанко…