26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРекордна продажба на возила во Кина

Рекордна продажба на возила во Кина

kinaa

Продажбата на автомобили во Кина се зголеми во март 2013-та година за повеќе од 10 проценти во споредба со истиот месец во 2012-та година. Резултатот од продадени 2,04 милиони единици претставуваат нов месечен рекорд, и првенствено се должи на значителниот раст на продажбата на патнички автомобили.

Исто така во првиот квартал од 2013-та година на  најголемиот светски пазар за автомобили продадени возила се 5,42 милиони возила, што претставува годишен пораст од 13,2 проценти. Продажбата на патнички автомобили во истиот период од минатата година скокна за 17,2 проценти, додека само во месец март се зголеми за 13,3 проценти (1.590.000).

Инаку во 2012-та година вкупната продажба на автомобили во Кина порасна за само 4,3 отсто (19.310.000 единици) во споредба со 2011-та година. Овој нешто послаб резултат се толкува како последица на донесувањето на одлуката на некои градови да се ограничи сообраќајниот метеж и да се намали загадувањето на воздухот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП