1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFisker отпушти 75 проценти од работниците, тие најавија тужба

Fisker отпушти 75 проценти од работниците, тие најавија тужба

fikser1

По неуспешните обиди за нови инвеститори, „Fisker“ тоне во се подлабока криза. Најновата одлука на раководството на компанијата доведе до отпуштање на 160 работници што претставува 75 проценти од сите вработени.

Овој потег се толкува како потреба да се заштедат пари кои се неопходни за отплата на долговите кон доверителите, меѓу кои се наоѓа и американското министерство за енергетика. Во „Fisker“ моментално има само 40 работници кои во случај на пронаоѓање на нови инвеститори ќе се обидат да ја спасат фабриката од банкрот.

Американскиот производител на хибридни луксузни автомобил првите проблеми ги имаше во 2012-та година кога повикаа 239 возила на сервис поради проблеми со акумулаторот кој можел да предизвика пожар.

Проблемите продолжија да се редат во текот на целата 2012-та година. Со ураганот Сенди им беа уништени 16 нови автомобили на паркинг во Њу Џерси, а потоа банкротираше и компанијата која ги снабдеваше со акумулатори.

fikser

Конечно во март 2013-та година основачот на компанијата Хенрик Фискер си замина.

Откако од јули 2012-та година не беше произведен ниту еден примерок од моделот „Karma“ компанијата западна во финансиски проблеми. Поради недостигот на средства за потворно производство и отплата на долгот тие се одлучија на очајнички потег, а тоа е отпуштање на најголемиот дел на вработени.

Ниту работниците не седеа со скрстени раце, па веднаш покренаа тужба против поранешниот работодавец затоа што ги отпуштил без предупредување. Според законот компанијата е должна да ги извести работниците за отпуштањата 60 дена однапред.

Покрај оваа тужба во „Fisker“ ги очекуваат многу поголеми искушенија, а едно од нив е кога до 22-ри април треба да ја уплатат појазмицата од американското министерство за енергетика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП