27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСакате популарност? Ништо полесно...

Сакате популарност? Ништо полесно…

popularnost1

Да се стекне популарност не е толку тешко како што звучи. Ако немате вроден талент околу себе да ги привлекувате луѓето и нивното внимание, научете како тоа функционира.

Без разлика дали станува збор за работа или задоволство, луѓето меѓусебно комуницираат и во исто време тајно во себе посакуваат да им се допаднат на другите. Тоа не е нарцизам, туку човечка потреба за дружење, ние луѓето сакаме да контактираме со поголем број на личности, со цел да си го збогатиме животот, или да си олесниме на некој начин.

Поставувајте прашања

Луѓето сакаат да зборуваат за себе, а вие на тоа ќе ги поттикнете со зададените прашања. Ако станува збор за некој кој може да биде важен за вашата кариера, пред состанокот со него распрашајте се за неговиот личен живот или работата со цел да имате поголем материјал за разговор.

Ако дознаете дека имате идентични интереси, вие сте во голема предност. Со ваквиот пристап вие сте на половина пат до популарноста, бидејќи вашиот соговорник нема да го заборави пријатно поминатото време во ваше друштво.

Бидете свои, автентични, оригинални, но не како да сте центар на светот

Заслужете почитување и бидете запаметени. Користете го правилото „10 секунди“. Тоа е одлична тактика доколку сте навикнати на другите да им влегувате во збор во средина на реченицата (како се чувствувате кога некој вас ќе ве прекине). Дозволете им на другите да зборуваат, оставете ги да го искажат своето мислење и потоа коментирајте. Доколку за ова немате чувство кога треба да зборувате, обидете се да изброите до 10 во моментот кога партнерот ќе престане со говорот. Следете ја и гестикулацијата на партнерот, таа ќе ви открие дали соговорникот е подготвен уште да зборува, дали е при крај со неговиот разговор или пак јасно покажува дека сака да го слушне вашето мислење.

Настапете пријателски

Бидете топли, пријателски настроени и покажете дека сте среќни кога се наоѓате во друштво на соговорникот. Ако процените дека тоа е прикладно и дека нема да го наруши вашиот однос, прегратката и допирот кои се пружени во вистинскиот момент се од клучно значење.

Гледање

Задолжително гледајте во личноста која ви се обраќа. Ова е правило на правилата. Додека личноста наспроти вас говори, вие треба будно да го пратите нејзиниот говор, со погледот во неа ќе го потенцирате вашето внимание. Погледот во очи со минимална насмевка на вашето лице означува дека имате доверба во вашиот соговорник и пријатно се чувствувате во разговорите со него.

Имиња

Задолжително е да ги запаметите имињата. Обидете се да користите некој трик за полесно да ги запаметите, во ниту еден случај не треба да си дозволите некого да го прашате неколку пати за неговото име.

Бидете од корист

За било што да станува збор, доколку можете да помогнете, понудете се. Обидете се да им помогнете на пријателите, тие навистина ќе го ценат тоа, но не давајте лажни ветувања дека нешто ќе сторите доколку не сте во можност, тоа негативно ќе влијае на вашиот углед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП