26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple прави и свој телевизор

Apple прави и свој телевизор

tele

Американскиот технолошки гигант „Apple“ кон крајот на тековната година ќе конкурира на уште еден пазар, а тоа е пазарот за телевизори, поради тоа што компанијата има во план да пушти во продажба сопствен телевизор.

Според некои медиуми уредот ќе чини меѓу 1500 и 2500 долари и ќе биде со 60-инчен екран, но ќе има и верзии со екран од 50-инчи и од 55-инчи.

„Apple“ ќе го претстави и малиот „iRing“, кој ќе се става на прстот, а со него гледачот ќе може да го контролира екранот со помош на гестикулации.

Овие информациите се базираат на податоци од кинески и тајвански компании кои испорачуваат компоненти за „Apple“ кои им се потребни за изработка на телевизори. Останува на времето да покаже дали овие претпоставки се точни и доколку се кога ќе биде претставен новиот уред на оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП