Официјалната најава за почетокот на вакцинација против грип е во периодот од 16 до 25 октомври 2026 година.
Во изјава за медиумите, министерот Клековски потврди дека првите 30.000 вакцини се веќе пристигнати во земјава и дека почетокот на имунизацијата се очекува во стандардниот термин од 16 до 25 октомври.
Според официјалните препораки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), вакцинацијата против сезонски грип се препорачува за целото население, како најдобра и најефикасна заштита од ова заболување.
Сепак, ИЈЗ става посебен акцент на ризичните групи граѓани кај кои постои поголем ризик од појава на сериозни компликации (како бронхитис и пневмонија). За овие категории граѓани Министерството за здравство секоја година обезбедува бесплатни вакцини.
Во овие високоризични групи спаѓаат:
-Лица на возраст над 65 години
-Лица со хронични заболувања (вклучувајќи респираторни, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и состојби на намален имунитет)
-Бремени жени
-Деца на возраст од 6 месеци до 5 години
-Здравствени работници
Заинтересираните граѓани кои припаѓаат на овие ризични групи, можат да се пријават на www.vakcinacija.mk. По регистрацијата (пријавата), ќе добијат смс порака со закажан термин (датум,час и пункт за вакцинација).
Зошто е важна вакцинацијата?
Ефикасност и заштита: Вакцината е најефикасниот начин за спречување на компликации предизвикани од грипот. Таа го поттикнува имунолошкиот систем да создаде антитела во рок од околу 2 недели по примањето.
Сезонско ажурирање: Составот на вакцината се менува и се ажурира секоја година за да одговара на актуелните соеви на вируси кои циркулираат во претстојната сезона.