18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОHandball-planet: Лазаров во тимот на годината

Handball-planet: Лазаров во тимот на годината

lazarov_2015

Капитенот на македонската репрезентација и ракометар на Барселона, Кире Лазаров е дел од идеалниот тим на годината во изборот на специјализираниот ракометен поратал handball-planet.

Во конкуренција на Ласло Наѓ, Жарко Марковиќ и Алекс Душебаев, Лазаров доби најмногу гласови на позицијата десен бек.

Во изборот на тимот на годината покрај Лазаров се најдоа уште тројца играчи на актуелниот европски шампион Барселона, ПСЖ е застапен со двајца играчи, а по еден имаат Кјелце и Рајн Некар.

Според handball-planet најдобар играч за 2015 година е Никола Карабатиќ, кој стана првиот ракометар кој ја одбранил титулата. Лазаров со 73 поени се најде на третата позиција зад Хансен со 90, а зад македонскиот репрезентативец во пласманот за најдобар играч беа Генсхајмер со 67 и Шариќ со 59 поени.

hp_mizuno_best8_2015

Идеалниот тим според handball-planet:

Голман: Даниел Шариќ (Барселона)

Лево крило: Уве Генсхајмер (Рајн Некар)

Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)

Среден бек: Никола Крабатиќ (ПСЖ)

Десен бек: Кире Лазаров (Барселона)

Десно крило: Виктор Томас (Барселона)

Пикер: Хулен Агинагалде (Кјелце)

Најдобар дефанзивец: Виран Мороз (Барселона).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП