21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДокузовски нема да биде селектор на кошаркарската репрезентација

Докузовски нема да биде селектор на кошаркарската репрезентација

Marin-Dokuzovski-sulekha.com_

Марин Докозовски, кој беше првата желба на челниците на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) за нов селектор, ја одбил понудата да го преземе националниот тим.

На седницата на Управниот одбор на МКФ, која се одржа во четвртокот, тричлената комисија информираше дека Докозовски поставил свој услов кој бил одбиен.

Имено, Марин Докозовски, побарал од МКФ да си замине Заре Марковски, што не било прифатено.

„Му понудивме четиригодишен договор, целосна слобода во избор на играчи и определено лице за контакт со Федерацијата, а притоа да остане тренер на Работнички. Не му поставивме никаков резултатски императив. Сепак, Докузовски постави свој услов, односно Заре Марковски да биде исфрлен од МКФ додека тој е селектор. Тука ние ги прекинавме преговорите, бидејќи неговото барање не беше прифатливо за нас“, рекол членот на УО на МКФ, Илија Пенов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП