6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпектакуларен болид на иднината на Мекларен (фото)

Спектакуларен болид на иднината на Мекларен (фото)

m bolid

Екипата на Мекларен го објави својот концепт за болид на иднината во Формула 1. Од британскиот тим веруваат дека овој концепт може да го воведе овој спорт во нова ера.

m bolid2

Тимот, болидот за иднината, го нарече McLaren MP4-X, по урнекот на сите вистински модели во Формула 1, кои настанале од осумдесетите години на минатиот век.

m bolid3

Моделот е креиран без дизајнерски ограничувања, а забележлив е спојлерот кој се наоѓа под болидот кој помага околу аеродинамиката, како и подвижните крила кои се отвораат во свиоците, а се затвораат на правците.

m bolid4

Замислата е овој болид да има хибриден мотор и уште неколку иновации, од кои најзначаен би бил системот кој би го следел трошењето на пневматиците.

m bolid1

„Сакавме малку да погледнеме во иднината и да ја замислиме уметноста на можното. Направивме кобинација од главните состојки на Формула 1 (брзина, возбуда, перформанси), но и се она што овој спорт го бара (затворен кокпит, кој ја зголемува безбедноста на возачите и хибридни мотори)“, рекол Џон Алерт, бренд директорот на технолошката група на Мекларен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП