3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал пред дисквалификација од шпанскиот Куп

Реал пред дисквалификација од шпанскиот Куп

2F007DB000000578-3343534-image-a-94_1449094976608

Реал Мадрид би можел да биде дисквалификуван од понатамошните натпревари во Купот на Шпанија, откако во клубот направиле неразбирлив пропуст.

Имено на мечот со Кадиз во составот на Реал беше Денис Черишев, кој поради жолти картони, немал право на настап.

Рускиот репрезентативец, минатата сезона, како член на Виљареал, не ја одлежал суспензијата од еден натпревар, која автоматски му следува по добиени три жолти картони.

Во Реал направиле неразбирлив пропуст, тренерот Бенитез не бил известен за ова и тој во тимот кој го започна мечот во Кадиз го стави и Черишев. Рускиот репрезентативец во третата минута постигна гол, а беше заменет по само 45 секунди игра во второто полувреме.

Не е познато дали е заменет откако некој се сетил дека тој нема право на настап, но во секој случај клубот доцна реагирал.

Според правилата на Фудбалската федерација на Шпанија, еден тим може да биде дисквалификуван доколку игра со суспендиран фудбалер, тоа и се случи на Осасуна минатата сезона.

Веројатно и на Реал ќе му се случи истото доколку Кадиз вложи жалба, а тоа треба да го стори најдоцна до четврток во 14 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП