30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаталонците во потрага по нов чувар на мрежата

Каталонците во потрага по нов чувар на мрежата

Barcelona-Goalkeeper-Jersey-2012

По одлуката на Виктор Валдес да ја напушти Барселона, каталонскиот клуб забрзано бара нов чувар на мрежата, а најверојатно тие ќе го најдат на островот.

Каталонците бараат голман кој поседува доволно квалитети кои веднаш ќе го завземе местото меѓу стативите и реалативно млад играч на кој би можеле да сметаат на долги патеки.

Такви достапни играчи има премногу малку,  а како два најсериозни кандидати се издвојуваат Давид Де Геа голманот на Манчестер Јунајтед и Тибо Куртоа чуварот на мрежата на Челзи кој е на позајмица во Атлетико Мадрид.

Доколку Барса не успее да привлече некој од двата споменати голмани, како трет избор се спомнува играчот на Валенсија, Винсент Гвајт, кој е и помалку вреден во овој избор.

Она што е интересно Барселона најверојатно се откажа од доведување на голманот на Ливерпул, Пепе Рејна, пред се поради неговите години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП