4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШкендија, Работнички, Турново и Брегалница полуфиналисти во Купот

Шкендија, Работнички, Турново и Брегалница полуфиналисти во Купот

kup makedonija

Шкендија, Работнички, Хоризонт Турново и Брегалница изборија пласман во полуфиналето, во фудбалскиот Куп на Македонија.

Шкендија, во четвртфиналниот двомеч, успеа да го елиминира Вардар. По победата на првиот меч од 3:0, Шкендија, во реваншот, славеше со 2:1 и во Ѓорче Петров.

Вардар, по првиот натпревар, имаше многу забелешки на судењето на Ставрев, кој во првото полувреме исклучи двајца играчи на „црвено црните“, а за очекување е од нашиот најтрофеен клуб да реагираат и на арбитражата на Мечкаровски, кој го судеше реваншот.

Мечкаровски, во седмата минута, стартот на Цуцули врз Ивановски го казни со жолт картон, но впечаток е дека можеше да покаже црвен картон бидејќи дефанзивецот на Шкендија беше последен човек пред голманот Јовановски.

Вардар во првото полувреме имаше две добри можности за постигнување на гол, но непрецизни обиди имаа Блажевски и Стојков. Шкендија во 35-та минута ја погоди гредата преку Карлињо.

Гостите поведоа преку Жуниор кој ја казни катастрофалната грешка на вардаровиот дефанзивец Мијушковиќ.

Вардар израмни по еден час игра, Блажевски нафрли топката со глава само ја допре Мијушковиќ и таа заврши зад грбот на Јовановски. Конечниот резултат го постави Кировски во 82-ра минута.

Бранителот на трофејот, Работнички кој против Силекс имаше предност од 3:0, славеше и во реваншот во Кратово. Во победата на „романтичарите“ од 2:1 головите ги постигнаа Алтипармаковски и Маркоски, а стрелец за Силекс беше Мариќ.

Турново имаше предност против Македонија ЃП од 4:2, па и покрај поразот од 0:1, стрелец Костовски, ќе игра во полуфиналето.

Брегалница со убедливи 4:1 славеше над Младост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП