22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар ќе го продолжи договорот со Барселона

Нејмар ќе го продолжи договорот со Барселона

nejmarco 300

Таткото на фудбалерот на Барселона, Нејмар да Силва, рекол дека неговиот син ќе го продолжи договорот, но дека нема потреба да брза да го направи тоа.

Актуелниот договор на Нејмар со Барселона истекува за три години, но Каталонците му нудат нов, бидејќи за услугите на Бразилецот сериозно е заинтересиран Манчетсер Јунајтед.

Минатата недела Нејмар постариот истакна дека неговиот син би можел да замине од Барселона бидејќи има проблеми со даночните власти, па останува помалку нејасно зошто решил да ја смени приказната.

„Ќе го продолжиме договорот со Барселона, тоа е сигурно. Актуелниот важи уште три години, така што нема потреба од брзање. Опуштени сме бидејќи Нејмар ќе остане тука уште многу години. Среќен е во Барселона и нема потреба да ја менува екипата“, рекол Нејмар постариот.

Инаку, Барселона со новиот договор на Нејмар му нуди годишна плата од 15 милиони евра, што значи дека според годишната плата пред него ќе бидат само Меси и Роналдо. Исто така, во новиот договор Барселона ќе ја зголеми откупната клаузула за Нејмар, а таа би изнесувала една милијарда евра.

Нејмар помладиот, во моментов е водечкиот стрелец во шпанското првенство со 14 голови, а во сите натпреварувања има постигнато 16 голови, на 17 одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП