Седум од најголемите британски банки ги положија „стрес тестовите“, што покажува дека можат да преживеат евентуален колапс на глобалната економија, соопшти „Bank of England“ (ВоЕ).
Редовниот годишен тест на финсниските институции покажа дека пет од седум банки, „Barclays Plc.“, „HSBC Holdings Plc.“, „Lloyds“, „Santander U.K. Plc.“ и „Nationwide Building Society“, имаат доволно капитал да ги издржат новите пазарни турбуленции.
„Royal Bank of Scotland Group Plc.“ и „Standard Chartered“ немаат доволно капитал, но банкарскиот регулатор „PRA“ од нив не побара да поднесат нови планови за собирање на средства, бидејќи и двете банки веќе имаа превземено чекор за зајакнување на своите бази на капитал.
„BoE“ меѓу останатото се тестираше како банките ќе реагираат на острото забавување на кинескиот економски раст, негативниот економски раст во еврозоната и намалувањето на цената на нафтата на 38 долари за барел.
„Банкарскиот сектор е доволно капитализиран да ја поддржи реалната економија во случај на нови глобални стресови кои би ја зафатиле и Британија“, наведува „BoE“.