4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи славеше во дербито со Интер

Наполи славеше во дербито со Интер

_86965740_nappy2

Фудбалерите на Наполи го совладаа Интер со 2:1 (1:0), во последниот натпревар од 14.коло во Серија А. Наполи со овој триумф се искачи на челната позиција на табелата во италијанскиот шампионат.

Натпреварот во Неапол го одбележа Аргентиневот, Игуаин, кој ги постигна двата гола за Наполи. Водството на својот тим тој му го обезбеди по само 65 секунди игра, а вториот гол го постигна по еден час игра.

Интер, кој од 44.минута играше со фудбалер помалку, Нагатомо беше исклучен поради вториот жолт картон, водството го намали во 65.минута преку Љајиќ.

Во финишот на мечот интеровите фудбалери немаа среќа да стигнат до бод, бидејќи во еден ист напад два пати го погодија дирекот, најпрвин Јоветиќ во 87.минута го погоди левиот дирек, а во продолжение на акцијата по ударот на Миранда, голманот на Наполи ја одби топката во дирекот.

Наполи по ова коло е лидер на табелата со 31 бод, еден повеќе од Интер и два од Фиорентина, Рома е четврта со 27 бодови, а Јувентус на петтото место со 24 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП