19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПанатинаикос казнет со одземање на три бода

Панатинаикос казнет со одземање на три бода

panatinaikos

Грчкиот фудбалски клуб Панатинаикос драстично е казнет заради неодиграното дерби против Олимпијакос на 21 ноември, кога навивачите на атинскиот клуб предизвикаа безредија на и околу стадионот, со што спречија да се одигра натпреварот.

Грчкиот фудбалски сојуз одлучи натпреварот да го регистрира со резултат 3:0 за Олимпијакос, на Панатинаикос му се одземени три бода и е казнет со 190.000 евра, а уште и ќе мора четири натпревари на домашен терен да ги игра пред празни трибини.

По казната Панатинаикос падна на петтото место на табелата и заостанува дури 17 бодови зад лидерот Олимпијакос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП