5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси, Нејмар и Роналдо во конкуренција за „Златната топка“

Меси, Нејмар и Роналдо во конкуренција за „Златната топка“

topka aaaaa

Лионел Меси, Нејмар и Кристијано Роналдо влегоа во најтесниот круг за престижното фудбалско признание „Златна топка“. Напаѓачката двојка на Барселона и најдобриот играч на Реал, на 11-ти јануари во Цирих, ќе се најдат на подиумот, кога ќе биде прогласен најдобриот играч во светот.

Инаку, Меси е рекордер, тој во својата колекција има четири „Златни топки“, Роналдо има една помалку, додека Бразилецот прв пат влезе меѓу најдобрите тројца.

Иако многумина веруваа дека Роналдо нема да влезе во најтесниот избор, бидејќи неговиот клуб одигра сезона во која не освои ништо, сепак индивидуалните остварувања, повторно го сместија меѓу најдобрите тројца.

Меси, покрај во конкуренцијата за престижната „Златна топка“, се наоѓа и во конкуренција за наградата „Пушкаш“, која се доделува за најубавиот гол во сезоната. Аргентинецот конкуренција ќе има во Алесандро Флоренци и Вендел Лира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП