17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖителите на Хамбург им кажаа „не“ на Олимписките игри

Жителите на Хамбург им кажаа „не“ на Олимписките игри

hamburg 330

Жителите на германскиот град Хамбург, на референдум, не ја поддржаа кандидатурата на градот за организација на Олимписките игри во 2024-та година. Против кандидатурата се изјасниле 51,6 отсто од оние кои излегле на референдумот.

„Оваа одлука не ја посакувавме, но таа е јасна“, рекол градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц. На референдумот гласале 40 отсто од граѓаните.

Германскиот олимписки комитет, во март годинава, го одбра Хамбург, наместо Берлин за град кандидат. Тогашните истражувања, кои ги спровел Германскиот олимписки комитет, покажувале дека 64 отсто од жителите на Хамбург ја поддржуваат кандидатурата.

Германија не била организатор на Летните олимписки игри уште од 1972-ра година кога тие се одржале во Минхен, чии граѓани, исто така, ја отфрлиле идејата градот да се кандидира за домаќин на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во 2022-ра година.

Одлуката каде ќе се одржат Олимписките игри во 2024-та година, Интернационалниот олимписки комитет ќе ја донесе во септември 2017-та година, во конкуренција се Париз, Рим, Лос Анџелес и Будимпешта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП