6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометната федерација подготвена да организира предолимписки турнир

Ракометната федерација подготвена да организира предолимписки турнир

rakometari tte

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во понеделникот испрати писмо со намера до Европската и Светската ракометна федерација, претставувајќи ја подготвеноста  за организација на квалификациската група за Олимписките игри во Рио 2016.

На ИХФ Конгресот што во ноември се одржа во Сочи, во текот на состанокот на земјите членки на Европската ракометна федерација, претседателот и потпретседателот на ЕХФ, Жан Бријо и Арне Олафсон, им посочија на земјите кои се во конкуренција за учество на квалификациските турнири, да ја изразат својата намера во писмена форма за организација на еден од тие турнири.

По завршувањето на првенството на Азија, на кое Катар ја освои шампионската титула, потребно е да се исполни уште еден услов според кој Македонија би обезбедила учество на предолимписки турнир.

Условот е на Европското првенство, кое во јануари ќе се одржи во Полска, шампионската титула да ја освои една од следниве репрезентации: Франција, Полска, Шпанија, Данска, Хрватска, Германија или Словенија.

За пласман на ракометниот турнир на ОИ ќе бидат организирани три турнира, на кои ќе учествуваат по четири репрезентации, а пласман во Рио де Жанеиро ќе изборат по две селекции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП