18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола: Минхен е луд град, можеби ќе останам во Баерн

Гвардиола: Минхен е луд град, можеби ќе останам во Баерн

pepinjo 33

Пеп Гвардиола, тренерот на фудбалерите на минхенски Баерн, изјавил дека по завршувањето на есенскиот дел од сезоната, ќе разговара со раководството на клубот околу новиот договор.

„Ќе разговараме по натпреварот со Хановер на 19-ти декември и ќе ја донесеме вистинската одлука и за мене и за клубот“, рекол Гвардиола и дополнил дека поради возбудливиот живот во Минхен би можел да го продолжи договорот со Баерн.

„Градот е лудило, го сакам. Многу сум задоволен, а задоволно е и моето семејство и тоа би можело да биде причина да останам во Баерн“, рекол Гвардиола.

Инаку, минатата недела, имаше многу шпекулации околу иднината на Гвардиола во Минхен. Најпрвин, во четвртокот, германските медиуми објавија дека тој ќе потпише нов двегодишен договор со Баерн, за годишна плата од 24 милиони евра.

Ден подоцна, англиските медиуми и шпанското радио Cadena COPE, ја лансираа информацијата дека Гвардиола потпишал договор со Манчестер Сити.

Гвардиола во Баерн дојде во 2013-та година и со Баварците освои две титули во шампионатот и една во Купот на Германија, а се радуваше и на трофеите на Светското првенство за клубови и Суперкупот на УЕФА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП