26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕспирито Санто ја напушти Валенсија

Еспирито Санто ја напушти Валенсија

_86945796_nuno_epa

Тренерот на фудбалерите на Валенсија, Нуњо Еспирито Санто, по поразот во Севилја (1:0) поднесе оставка на функцијата.

„Разговарав со претседателот и донесов одлука да ја напуштам Валенсија. Ми претставуваше голема чест што го предводев овој тим, но во моментов најважно е клубот да остане обединет“, ја пренесува Marca изјавата на Еспирито Санто.

Португалецот во кариерата бил тренер во Рио Аве, Малага и Панатинаикос, а му бил и помошник на Жезуалдо Фереира во Порто. Валенсија ја презеде во јуни 2014 година.

Валенсија по 13 натпревари во шпанското првенство се наоѓа на деветтото место со 19 бодови, во наредното коло тие ќе играат против лидерот на табелата Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП