17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШифрин повторно ја декласира конкуренцијата

Шифрин повторно ја декласира конкуренцијата

shifran

Американката Микела Шифрин збележа нова победа во Светскиот куп, во алпско скијање и повторно во слалом. Откако во саботата славеше во првата слаломска трка во оваа сезона, истото го направи и во неделата.

Американката, на домашен терен во Аспен, ја забележа 17-та победа во кариерата, односно 16-та во слалом.

Шифрин одново импресионираше со своето возење, откако во саботата второплсираната ја остави три секунди и седум стотинки зад себе (најголема разлика во историјата на слаломските трки), таа во неделата од вторполасираната Фрида Хансдотер имаше подобро време за две секунди и 65 стотинки.

Третото место на во Аспен го освои Сарка Захробска од Чешка, која од Шифрин имаше послабо време за две секунди и 90 стотинки.

Микаела Шифрин води во вкупниот поредок во Светскиот куп со 280 бодови, а втора е Хансдотер има 190.

Женскиот дел од Светскиот куп се сели во Лејк Луиз, каде на програмата се две трки во спуст и една во супервелеслалом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП