9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНова победа на Свиндал во Лејк Луиз

Нова победа на Свиндал во Лејк Луиз

novanova

Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал забележа нова победа во канадскиот Лејк Луиз. Откако во саботата победи во спуст трката, што беше негова прва победа по декември 2013 година, тој во неделата триумфираше и во супервелеслаломската трка.

Норвежанецот, кој минатата сеозна ја пропушти поради повреда на Ахиловата тетива, до својата 27-ма победа во кариерата, стигна со време од 1:29.30 минути.

Австриецот Матијас Маер (1:29.65) го освои второто, а Италијанецот Петер Фил (1:29.75) третото место.

Свиндал води во генералниот пласман во Светскиот куп со 207 бодови, втор е Фил со 140, а трет со 112 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП