18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧековски се врати во Работнички, Трајковски се пресели во Куманово

Чековски се врати во Работнички, Трајковски се пресели во Куманово

gorgi-cekovski

Поранешниот македонски репрезентативец Ѓорѓи Чековски се врати во редовите на Работнички, а во исто време клубот од Градски парк остана без Бојан Трајковски, кој во иднина ќе игра во Куманово.

Чековски, кој минатата сезона го предводеше Работнички до трофејот во Купот на Македонија, беше прогласен за МВП на завршниот турнир, по нецела полусезона реши да се врати во Градски парк.

Искусниот крилен центар, оваа сезона ја започна во Сигал Приштина, но по три месеци реши да замине. Чековски со Работнички потпишал ‘отоврен договор’, односно во случај на финансиски добра понуда од странство ќе може да го напушти клубот.

Во исто време, Работнички остана без Бојан Трајковски. Репрезентативниот центар до крајот на сезоната ќе настапува во Куманово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП