20 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ поразен и од Тајфун

МЗТ поразен и од Тајфун

mzt-mzt

Кошаркарите на МЗТ ја продолжија играчката и резултатската криза, откако во 12.коло во АБА лигата, загубија во Словенија од Тајфун со 68:62 (17:15, 14:17, 18:10, 19:20).

МЗТ против Тајфун го запиша петтиот пораз во низа и сега има скор од четири победи и осум порази, додека Тајфун има една победа повеќе.

На теренот на дебитантот во регионалната лига, во текот на целиот меч се водеше голема борба, а Тајфун единствено во финишот на третата четвртина стигна до двоцифрена предност (47:36).

МЗТ во финишот на мечот стигна до поен негатива но неговите играчи немаа сили за целосен пресврт.

Марко Луковиќ постигна 12 поени за МЗТ, додека Ѓорѓе Дреновац и Душко Буниќ реализираа по 10 кошеви. Тајфун го предводеше Томаш Болчина со 19 поени.

МЗТ во наредното коло на 6.декември ќе ја пречека Цедевита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар