Голден Стејт ја продолжи историската низа на победи од почетокот на сезоната, против Феникс актуелните шампиони постигнаа 22 тројки и вкупно 135 поени, а блескаше Стеф Кари со 41 кош. Рекорд, но негативен постави и Филаделфија, која против Хјустон го забележа 17-иот пораз.
Стеф Кари постигна 41 поен, на кои придодаде шест скока и осум асистенции, Барбоса уфрли 21, а Томпсон 15 поени во триумфот на Голден Стејт кај Феникс од 135:116.
Филаделфија го забележа 17-иот пораз од стартот на првенството, а вклучувајќи ги и десетте порази од минатото првенство, оваа екипа има серија од 27 последовни порази што е нов негативен рекорд во историјата на американскиот професионален спорт.
Филаделфија загуби во Хјустон (116:114), а „виновник“ за нивниот пораз беше Џејмс Харден кој постигна 50 поени, на кои придодаде девет скока и осум асистенции. Харден на последните пет натпревари има просек од 36,2 поени.
Резултати:
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 110:90
Денвер – Сан Антонио 80:91
Феникс – Голден Стејт 116:135
Хјустон – Филадлефија 116:114
Индијана – Чикаго 104:92
Оклахома – Детроит 103:87
Мемфис – Атланта 101:116
Шарлот – Кливленд 90:95
Орландо – Милвоки 114:90
Њујорк – Мајами 78:97
Бостон – Вашингтон 111:78.