4 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 28-29.11.2015

Викенд хороскоп 28-29.11.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Наместо да му потпаѓате на меланхоличното расположение и пасивно да ги согледувате ограничувањата на кои наидувате во животот, многу подобро е да тргнете кон елиминацијата не сето она што ви го стопира напредувањето. Иако, нема лесно да се извлечете од кризата, сепак со својата вродена способност за храбро и решително дејствување, донекаде ќе успеете да ги ублажите тешките удари на судбината.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Високиот набој на креативна енергија и понатака ќе ја следи вашата личност, така што искористете го викендов за финиширање на работите, за остварување важни разговори и за насочување кон љубовните вибрации. Посебно ви се препорачува да го следите говорот на телото. Во секој случај, предиспозициите ви се хармонични, што ветува дека со иницијативно дејствување во многу поголема мерка ќе ја подобрите перспективата.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Колку и да имате големи очекувањата, односно колку и да се реални и позитивни ветувањата што ви ги даваат лицата кои ве опкружуваат, единствено со храбро и енергично дејствување ќе можете да постигнете успех. Затоа, не чекајте некој друг да дојде и да ви кажува како да се однесувате во животот, туку преземете ги работите во свои раце и спроведете го планот за кој сметате дека ќе ви донесе промена и реализација. При крајот на викендов очекувајте некое изненадување.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Наместо будно да сонувате и да чекате љубовните задоволства да дојдат самите по себе, многу подобро е да се заинтересирате за посериозен контакт, бидејќи ѕвездите ветуваат реализација, посебно доколку настапите храбро и решително при спроведувањето на плановите. Како и да е, со манифестирање на подготвеноста за стабилизирање на односите со саканото лице, во голема мерка ќе ја подобрите перспективата во таа сфера на животот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Преголемата ангажираност и опседнатост со проблемите на блиските, ќе ве доведат во мошне проблематична состојба, така што внимавајте на психофизички план и намалете ги активностите. Ѕвездите ве советуваат да пронајдете време за доживување на задоволството во љубовта, односно да ги прифатите предизвиците на храбар и решителен начин. На финансиско поле не влегувајте во ризици и мудро согледајте ги искушенијата.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Подобрете го впечатокот во јавноста, зашто ако продолжите да се однесувате неодговорно, ќе предизвикате проблематични односи со лицата од непосредната околина. Затоа, неопходно е да ги согледате причините што ви ги создадоа нервозата и импулсивноста, односно да тргнете кон решавањето на наталожените проблеми. Добро е ако во критичните мигови го пренасочите вишокот на енергија кон лицата и областите што ве стимулираат на хармоничен и продуктивен начин.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вашето интуитивно чувство подолго време ви кажува дека некои работи не се одвиваат како што сте наумиле, поради што имате впечаток дека постепено ја губите силата и не можете на вистински начин да се истакнете. Но, бидејќи поседувате способност за регенерација и трансформација, очекувајте излез од напнатата ситуација и храбро спротивставување на лицата и настаните кои се обидуваат да ве попречат во постигнување на успехот.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не треба психички да се оптоварувате заради лицата и настаните кои не заслужуваат преголемо внимание, така што ќе мора од корен да го подобрите односот кон сопствената личност, односно кон со што ве опкружува. Но, ако и понатаму со вашата душа владеат меланхолијата и сентименталноста, тогаш освен нервоза и соочување со бесперспективноста, ништо друго нема да добиете. Затоа, употребете ја способноста за извлекување од критичните ситуации и воспоставете го мирот што подолго време ви недостасува.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Расположението ќе ви биде променливо, така што ќе манифестирате голема контрадикторност во контактите со лицата кои ќе ве опкружуваат. Во еден период од денот ќе сакате максимално да се повлечете во сопствениот свет, за потоа да ви се јави потребата за остварување соработка и комуникација со другите. Ви се препорачува во миговите кога ќе доминира изолацијата, да подразмислите за причините кои ви ја предизвикаа психофизичката криза.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Позитивното влијание на планетите ќе ви помогне да ја воспоставите стабилноста, иако ќе треба да покажете упорност и решителност при противставувањето на ограничувањата. Но, доколку продолжите да се пасивизирате и да бегате од соочувањето со проблемите, тогаш не очекувајте преголем напредок. Затоа, искористете ги перспективите и ставете им крај на ситуациите што не ви дозволуваат реализација на желбите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Околностите во животот постојано ви се менуваат, зашто од една страна премногу верувавте во лицето кое требаше да ве извлече од кризата, а од друга, не покажавте интерес за остварување соработка во моментите кога ви се нудеше поддршка за финализирање на претходно зацртаните планови. Затоа, надминете ја колебливоста и определете се за некоја варијанта, бидејќи со држење на статус кво ситуацијата, ништо нема да направите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Без разлика што променливото расположение, ограничувањата и неизвесноста постојано ќе ве следат, ви се препорачува да се насочите кон љубовта, зашто само така ќе успеете да ја постигнете хармонијата и да ги доживеете страста, односно задоволствата. Доколку имате незавршени професионални обврски, слободно реализирајте ги, зашто интелектуалната стимулација ќе ви биде присутна на мошне високо ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП