2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на чекор до олимписки предквалификации

Ракометарите на чекор до олимписки предквалификации

Qatar 2015 M27 BIH vs MKD

Македонската ракометна репрезентација се наоѓа на чекор до пласман на еден од предквалификациските турнири, преку кои се обезбедува пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Македонија на Светското првенство во Катар го освои деветтото место, а за обезбедување на олимписки предквалификации потребно е да се исполнат два услови, односно Катар да триумфира на првенството на Азија и европски првак да стане една од репрезентациите кој на СП се пласираа до осмото место.

Првиот услов е исполнет, откако Катар, според очекувањата ја освои континенталната титула во Азија. Катар, во петокот во финалниот меч, славеше над Иран со 28:19.

Вториот услов ќе биде исполнет доколку во јануари наредната година една од следниве репрезентации стане европски шампион: Франција, Полска, Шпанија, Данска, Хрватска, Германија, Словенија.

За пласман на ракометниот турнир на ОИ ќе бидат организирани три предквалификациски турнири, а место во Рио де Жанеиро ќе изборат по две селекции од секој од тие турнири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП