13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДевис куп финале: Нерешено по првиот ден

Девис куп финале: Нерешено по првиот ден

635842355105266602-AP-Belgium-Britain-Davis-Cup-Final

Тениските репрезентации на Белгија и Велика Британија, во петокот го започнаа финалниот меч во Девис купот. Првиот ден мина без изненадување, односно фаворитите забележаа победи и резултатот е 1:1.

Девис куп финалето кое се игра на земјана подлога во Гент, го отворија Давид Гофан и Кајл Едмунд.

Малку познатиот Британец, Едмунд, ги доби првите два сета против 16-от играч на АТП листата со 6:3, 6:1, но немаше сила да го зададе завршниот удар. Гофан наредните три сета го доби со 6:2, 6:1, 6:0 и на Белгија и го донесе првиот поен.

Резултатот го израмни вториот светски рекет Енди Мари кој со 3:0 славеше во дуелот со Рубен Бемелманс.

Мари играше беспрекорно во првите два сета и лесно стигна до преденост од 2:0 (6:3, 6:2). Бемелманс го подигна нивото на својата игра во третиот сет но и тоа не му беше доволно да го избегне поразот со максимален резултат.

Имаше Белгиецот брејк предност и водство од 4:2, но Мари најпрвин го врати загубениот сервис, а потоа направи брејк и со 7:5 го доби сетот.

Во сабота, во Гент, на програмата е мечот во двојки (15 часот), во кој ќе играат Белгијците Копејанс и Дарсис против браќата Мари, Енди и Џејми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП