4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА на Реал му подготвува забрана на трансфери

ФИФА на Реал му подготвува забрана на трансфери

rm000

Реал Мадрид се соочува со забрана за трансфери во најмалку два преодни рока, пишува Mundo Deportivo. Според истиот извор, ФИФА истражува 50 трансфери на малолетни фудбалери, во кои имало големи неправилности.

Истиот извор наведува дека летово Реал некако успеал да се извлече и да не биде суспендиран, но дека тоа нема да му успее во иднина.

Поради неправилности при трансферите на малолетните фудбалери, ФИФА ја казни Барселона која во изминатите два трансфер периода не смееше да регистрира фудбалери.

Суспензијата на Барселона истекува на 1-ви јануари наредната година, кога клубот ќе може да ги регистрира Алеш Видал и Арда Туран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП