7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрвиот човек на бразилскиот фудбал ја налути ФИФА

Првиот човек на бразилскиот фудбал ја налути ФИФА

bra fudbal

Првиот човек на бразилскиот фудбал Марко Поло дел Неро решил да го напушти Извршниот одбор на Светската фудбалска федерација (ФИФА), откако во медиумите го обвинија дека е корумпиран.

Дел Неро, во највисокото извршно тело на ФИФА ја преставуваше јужноамериканската конфедерација (КОНМЕБОЛ), а одлуката дека повеќе нема да е член на Извршниот одбор на ФИФА ја соопштил во четвртокот на крајот на состанокот кое ова тело го одржало во Рио де Жанеиро.

Првиот човек на бразилскиот фудбал, според медиумските текстови, бил поврзан со коруптивни активности, поради кои во мај годинава, беа уапсени седуммина функционери на ФИФА.

Дел Неро се нашол помеѓу осомничените поради своите тесни врски со претходниот претседател на Фудбалската федерација на Бразил, Жозе Мариа Марин, кој е уапсен под обвинение за корупција при доделувањето на телевизиските права.

Од моментот кога е уапсен Марин, Дел Неро не го напуштал Бразил, ниту присуствувал на седниците на Извршниот одбор на ФИФА, а не се појавил ниту на Копа Америка во Чиле.

КОНМЕБОЛ, официјално не соопштува зошто Дел Неро ја напуштил функцијата, но објави дека на таа позиција ќе го замени еден од неговите потпретседатели Фернандо Сарнеи, кој според медиумите е близок соработник на Дел Неро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП