26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуп на Македонија: Шкендија убедлива против Вардар

Куп на Македонија: Шкендија убедлива против Вардар

kup makedonija

Шкендија стекна голема предност над Вардар по првиот четвртфинален натпревар во фудбалскиот Куп на Македонија. Шкендија, во четвртокот, на стадионот во Чаир славеше над Вардар со 3:0 (2:0). Вардар половина од првото полувреме одигра со играч помалку, а целото второ го одигра со двајца фудбалери помалку.

Фудбалерите на Шкендија првиот гол го постигнаа преку Жуниор во 22.минута, Бразилецот центаршутот на Демири со глава го спроведе во голот на немоќниот Пачовски.

Четири минути подоцна започнаа проблемите на Вардар, Ерменецот Хабмарџумјан, направи остар прекрошок на средината од теренот, поради што го доби вториот жолт картон и мораше да ја напушти играта.

Бесарт Ибраими имаше можност во 33.минута да ја зголеми предноста на Шкендија, но неговиот одличен удар од 20-тина метри Пачовски го одбрани со помош на гредата.

На пет минути до крајот на првиот дел, еден од најискусните во редовите на Вардар, Горан Попов направи неразбирлив потег поради кој доби црвен картон. Левиот бек на Вардар додека ја градеше топката без потреба го удри со лактот Тодоровски, судијата Ставрев без размислување му покажа директен црвен картон, по што нервозниот Попов го погоди со топката. Дефанзивецот на патот кон соблекувалната имаше и вербална расправија со навивачите на Шкендија.

Една минута по исклучувањето на Попов, Шкендија ја материјализираше предноста од двајца играчи повеќе.

Капитенот Цуцули прими една топка на левата страна влезе во шеснаесетникот и со убав удар го погоди спротивниот агол од голот на Пачовски.

Иако со двајца повеќе на теренот, играчите на Шкендија не вршеа некој силен притисок кон голот на Вардар во второто полувреме. Вардаровата дефанзива лесно ги одбиваше нападите, а Пачовски спаси сигурен гол кога во ситуација ‘еден на еден’ го одбрани ударот на Жуниор во 53.минута.

Втората убава можност за Шкендија, во вториот дел, ја имаше Кировски, но иако беше сам пред Пачовски тој со глава биеше многу непрецизно.

Конечниот резултат го постави Радевски во 91.минута. Ибраими лесно го мина на левата страна Брдаровски, нафрли по земја, Кировски биеше но Грнчеров одбрани од гол линијата, а на одбиената топка налета Радевски и ја смести во голот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП