6 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпогодбено се разделија МЗТ и Симоновски

Спогодбено се разделија МЗТ и Симоновски

simovski 98

Репрезентативецот на Македонија, Марко Симоновски (26), повеќе не е играч на МЗТ Скопје Аеродорм. Клубот и Симоновски, во четвртокот, спогодбено во раскинале договорот.

„Марко Симоновски веќе не е дел од МЗТ Скопје откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот. КК МЗТ Скопје на Марко Симоновски му посакува многу успех во понатамошната кариера“, стои во кусото соопштение кое МЗТ го објави на својата официјална интернет страница.

Симоновски, оваа сеозна поради повредата, одигра само четири натпревари за МЗТ, во АБА лигата, на кои во просек постигнувал нешто повеќе од шест поени.

МЗТ се наоѓа во криза, откако ги загуби последните четири натпревари во АБА лигата и по 11.кола се наоѓа во групата од шест тима кои имаат по четири победи и седум порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП