19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар: Скјерн, нов натпревар, ново искуство

Червар: Скјерн, нов натпревар, ново искуство

lino-cervar

Ракометарите на Металург, вo недела, ќе го одиграат последниот натпревар пред домашната публика оваа сезона во Лигата на шампионите. Противник на Металург ќе биде екипата на Скјерн, од која четата на Лино Червар, во првиот меч загуби со гол во последната секунда.

Металург, во досегашниот тек од сезоната, има скор од две победи и шест порази, додека Скјерн се бори за пласман на една од првите две позиции на табелата во Д групата.

„Задоволен сум од тоа како одигравме на седум од осумте натпревари во ЛШ, без оглед на поразите кои ги доживеавме. Во тие седум натпревари никој не не надигра, дури можевме да имаме и повеќе бодови. Последниот меч кој го игравме против Шафхаузен, паднавме психички во последните 10 минути и поради тоа не сум задоволен. Ние сме млад тим, но не смееме да се предадеме однапред, мораме стално да се бориме. Во тој стил сакаме да ја завршиме ЛШ, да се бориме до крај независно од резултатот. Ние против Скејрн во Данска го одигравме најдобриот меч во сезоната, бевме борбени и сконцентрирани, а загубивме само поради наивноста и неискуството“, рече на прес конференцијата во пресрет на натпреварот Лино Червар.

Двата тима се комплетни за овој натпревар, Скејрн во Скопје, доаѓа со искусните Мирхол и Сондегард, а за Металург ќе може да смета на Мраковчиќ кој целосно е рехабилитиран од повредата на дланката.

„Скејрн е вистински предизвик, на последната средба да го дадеме максимумот, без оглед на тоа што тие имаат неколку исклучително квалитетни играчи. Имаат добра надворешна линија и добри крила. Скјерн е екипа која секогаш игра брз центар, играат длабока 6-0 зона, карактеристична за Скандинавците. Нашите надоврешни играчи поради таа зона мислам дека ќе имаат многу проблеми. Ќе се обидеме сето тоа да го надополниме во одбраната, ќе треба да играме длабока зона, со многу контакти.“

Металург и Скјерн совојот натпревар во недела ќе го започнат во 18:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП