25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООваа година 14% од сите средства во тенисот одат на сметката на...

Оваа година 14% од сите средства во тенисот одат на сметката на Ѓоковиќ (фото)

m nole

Актуелната сезона во машкиот тенис беше најдобра за еден играч, во споредба со сите останати – Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ го освои турнирот „Barclays World Tour“ во Лондон кој заврши во неделата, со што ја зајакна својата финансиска надмоќ над сите други тенисери. За да се добие појасна слика за доминацијата на Ѓоковиќ во однос на финансиите, експертите направија рејтинг со заработени средства во оваа година од наградните фондови на водечките играчи во „ATP Tour“.

Според податоците, Ѓоковиќ заработил 21,6 милиони долари од победите на турнирите, што е за околу 13 милиони долари повеќе во споредба со вкупните приходи на следните двајца играчи во рангирањето – Роџер Федерер и Енди Мареј.

Поимпресивен е фактот дека Ѓоковиќ добил 14% од сите 151.4 милиони долари, распределени на 3.500 тенисери од федерацијата во оваа година.

atp pari 33

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП