17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТојота повлекува 1,6 милиони возила од Јапонија и Европа

Тојота повлекува 1,6 милиони возила од Јапонија и Европа

tojota airbeg22

Тојота соопшти дека повлекува 1,6 милиони возила заради проблем со воздушните перничиња што им ги испорачала јапонската фабрика Таката Корпорејшн.

Отповикувањето опфаќа 22 модела што се продаваа во Јапонија, меѓу кои и „корола“ и „витз“, произведени од 2004 до 2005 година.

Тука се и возилата продадени во Италија, Велика Британија и Шпанија, но точниот број сè уште не се знае.

Меѓу повлечените возила нема ниту едно од САД.

Отповикувањето е објавено бидејќи воздушните перничиња на Таката можат да експлодираат со огромна сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП