18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола ќе го продолжи договорот со Баерн

Гвардиола ќе го продолжи договорот со Баерн

Bayern Munich's head coach Pep Guardiola gestures during a training session in Arco, northern Italy July 4, 2013. REUTERS/Alessandro Garofalo (ITALY - Tags: SPORT SOCCER) - RTX11CS1

Шпанскиот тренер, Пеп Гвардиола, ќе го продолжи договорот со минхенски Баерн, пренесуваат германските медиуми.

Според истите извори, Гвардиола, ќе потпише нов двегодишен договор и ќе добие зголемување на платата од пет милиони евра, што значи дека со новиот договор годишно ќе заработува по 24 милиони евра.

На поранешниот тренер на Барселона договорот со Баерн му истекува на крајот од сезоната, интерес за неговите услуги покажуваа неколку екипи од Премиерлигата, пред се Манчестер Сити.

Гвардиола во Баерн дојде во 2013 година и со Баварците освои две титули во шампионатот и една во Купот на Германија, а се радуваше и на трофеите на Светското првенство за клубови и Суперкупот на УЕФА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП