
Ракометарите на Барселона, во средата, славеа над Адемар со 37:33, во натпревар кој се одигра во рамките на 12.коло, во АСОБАЛ лигата. Со оваа победа Барселона стана апсолутен рекордер во шпанскиот ракомет откако ја забележа 73-та последовна победа во домашниот шампионат.

