21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: ПСЖ, Атлетико, Бенфика и Јувентус изборија осминафинале

ЛШ: ПСЖ, Атлетико, Бенфика и Јувентус изборија осминафинале

lsh1

Екипите на ПСЖ, Атлетико Мадрид, Бенфика и Јувентус им се приклучија на Реал и Манчестер Сити, кои претходно од А-Д половината во Лигата на шампионите изборија пласман во нокаут фазата.

Малме го дочека својот херој Златан Ибрахимовиќ, но тој и неговите соиграчи немаа милост и го почестија домаќинот со пет гола. Два постигна Ди МАрија, а по еден Рабио, Ибрахимовиќ и Лукас Моура. Малме имаше можност да постигне почесен гол, но Розенберг не успеа да реализира пенал.

Рел, во Лвов, му гостуваше на Шахтјор и малку недостигаше да направи од готово вересија. Со двата гола на Роналдо и головите на Модриќ и Карвахал, Реал по 70 минути игра имаше предност од 0:4, но домаќинот успеа да се врати во мечот, но не и да освои барем бод, откако во периодот од 77. до 88.минута постигна три гола.

Група А:

Малме-ПСЖ 0:5

(Рабио 3’, Ди Марија 15’ 68’, Ибрахимовиќ 50’ , Лукас Моура 80’)

Шахтјор-Реал Мадрид 3:4

(Алекс Тешеира 77’ 88’ , Дентињо 83’- Роналдо 18’ 70’, Модриќ 50’, Карвахал 52’)

Табела: Реал 13, ПСЖ 10, Шахтјор 3, Малме 3

Манчестер Јунајтед уште еднаш ја разочара својата армија на навивачи, откако не успеа да слави над ПСВ. Јунајтед во последното коло ќе гостува во Волфсбург и ќе му биде потребен триумф, секако доколку ПСВ слави над ЦСКА Москва.

Волфсбург стигна на чекор за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите, откако во претпоследното коло во Б групата славеше во Москва, над ЦСКА со 2:0.

Важните бодови на Волфсбург му ги донесе Андре Шурле, кој како резерва влезе на теренот во 60.минута. Германскиот репрезенативец во 67.минута упати удар кон голот на ЦСКА, голамнот Аконфеев лошо интервенираше и ја сврти топката во својот гол.

Вториот гол беше постигнат во 88.минута, Бентнер нафрли по земја, а Шурле од 11 метри неодбранливо биеше во левиот долен агол .

Група Б:

ЦСКА Москва-Волфсбург 0:2

(Акинфеев аг. 67’, Шурле 88’)

Манчестер Јунајтед-ПСВ Ајндховен 0:0

Табела: Волфсбург 9, Ман.Јунајтед 8, ПСВ 7 , ЦСКА 4

Атлетико Мадрид целосно доминираше против Галатасарај и славше со двата гола на Гризман. Интересни францускиот репрезентативец сезонава во ЛШ има постигнато четири гола, сите против турскиот тим.

Астана и во третиот меч на домашен терен освои бод и покажа дека пласманот во фазата по групи не е случаен. Твумаси и Аничиќ и донесоа предност на Астана по половина час игра, а бод за Бенфика спаси Мексиканецот Раул Хименез со двата гола.

Банфика и Атлетико обезбедија пласман во нокаут рундата, а во последното коло, на 8.декември во Лисабон ќе решат кој ќе го освои првото место.

Група Ц:

Астана-Бенфика 2:2

(Твумаси 19’, Аничиќ 31’ – Раул Хименез 40’ 72’)

Атлетико Мадрид-Галатасарај 2:0

(Гризман 11’ 65’)

Табела: Бенфика 10, Атлетико 10, Галатасарај 4, Астана 3

Јувентус го доби дербито во Д групата против Манчестер Сити. ‘Старата дама’ славеше со голот на Манџукиќ и го презеде лидерското место во групата.

Во Менхенгалдбах, Борусија славеше над Севилја и во последното коло во МАнчестер ќе и биде потребен еден бод за да го освои третото место, под услов Севилја да забележи победа над Јувентус.

Група Д:

Јувентус-Манчестер Сити 1:0

(Манџукиќ 18’)

Борусија-Севилја 4:2

(Штандл 29’ 83’, Џонсон 68’, Рафаел 78’ – Витоло 82’ , Банега 91’)

Табела: Јувентус 11, Ман.Сити 9, Борусија 5, Севилја 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП