5 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Бенфика освои бод во Астана

ЛШ: Бенфика освои бод во Астана

benfika-astana

Фудбалерите на Астана и Бенфика одиграа 2:2 (2:1), во првиот меч од Ц групата во Лигата на шампионите.

Бенфика со освоениот бод ќе остане лидер на табелата во Ц групата, а доколку Атлетико подоцна го победи Галатасарај, тогаш овие два тима во пресрет на последното коло ќе обезбедат пласман во осминафиналето.

Португалците извлекоа бод, имајќи предвид што сé се случуваше во Астана. Домаќинот стекна два гола предност по само половина час, прво Твумаси погоди во 19. минута, а во 31. минута Аничиќ ја искористи лошата реакција на португалската одбрана и го удвои водството на Астана.

До крајот на полувремето Бенфика успеа да се врати во натпреварот, идеалниот центаршут на Жонас, Мексиканецот Раул Хименез го претвори во гол во 40. минута. Истиот играч во 72. минута го постави конечниот резултат.

Група Ц:
Астана-Бенфика 2:2
Атлетико Мадрид-Галатасарај
Табела: Бенфика 11, Атлетико 7 (-1),Галатасарај 4 (-1), Астана 3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП