12 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHP ја претстави најновата “Cutting-edge“ технологија

HP ја претстави најновата “Cutting-edge“ технологија

hplogo

Денеска HP (Hewlett-Packard) објави дека е избран од страна на DreamWorks Animation SKG, Inc. (Nasdaq: DWA) да ја испорача технологијата за “The Croods”, со што се поместени границите на модерните слики во оваа авантура со праисториска содржина, од навидум примитивна анимација.

DreamWorks Animation ги искористи техничките ресурси на HP (Hewlett-Packard) за да биде создадена досега најнапредната графика во семејството на комедиите, која веќе денес дебитира во театрите. Интегрираната инфраструктура на HP (Hewlett-Packard) се состои од сервери, хардвер за складирање, вмрежување, услуги, софтвер за управување и работни станици, како и HP печатачи и дигитална обработка за прикажување (render), со што краен производ е беспрекорната техничка основа со високи перформанси потребни за исполнување на уметничките барања во студиото.

 

Дигитално производство “Cutting-edge“ бара големи капацитети на процесирачка моќ и оркестрирана соработка помеѓу нашите студија“ изјави Derek Chan, првиот човек на Global Techology Operations, DreamWorks Animation. “Интегрираната инфраструктура на HP (Hewlett-Packard) нè увери дека нашите луѓе кои прават филмови ги имаат сите потребни технички ресурси со кои можат да ја оживеат сопствената креативна визија и да подготват одлични филмови за нашата публика“.

The Croods no1

Услугите и серверите на HP (Hewlett-Packard) ги исполнуваат големите барања за процесирање

За производство на “The Croods” реално беа потребни повеќе од 80 милион часа за дигитална обработка за прикажување (render) како би се генерирале визуелни слики од 3-D модели. За да се “оживеат“ ликовите како што се, премногу грижливиот татко Grug и тинејџерско бунтовничката ќерка EEP, DreamWorks Animation користеше HP ProLiant сервери и HP Enterprise Services во рендерирањето на фарми низ четири географски локации – Глендејл и Редвоод Сити во Калифорнија; во Лас Вегас и во Бангалор, Индијана. Решенијата за високи перформанси и континуирана моќ на процесирање доставени од страна на HP (Hewlett-Packard) овозможија DreamWorks Animation да го обработат големо количество на податоци кои се потребни за да го произведат филмот.

Дополнително, за да се минимализира употребата на физички простор во студиото, серверот со модуларен дизајн HP ProLiant BL 460c Gen8 обезбедува повеќе од 40 проценти повисока продуктивност, како и подобри перформанси во заштеда на енергија за повеќе од 42 % во споредба со претходните генерации(1). Како резултат на тоа, студиото ги зголеми способностите за дигитална обработка за прикажување (render) во просек за 500.000 единици дневно.

T

 

Работните станици на HP овозможија соработка помеѓу уметниците

За да се создадат егзотични креации и комплексни пејзажи со кои ќе се сретнува семејството Crood во приказната, уметниците на DreamWorks Animation ги искористија врвните работни станици HP Z820 и Z800.

Одликувајќи се со двоен Intel® Xeon® процесор, работната станица HPZ820 е до 50 проценти побрза од својот претходник(1), овозможувајќи уметниците да работат на големи и сложени сцени низ повеќе кадри, ликови и сцени во интерактивна околина.

Исто така, работната станица HP Z800 е користена во новото DreamWorks Animation, највисоко развиено студио во кое се снимаа имагинативните пронајдоци на Guy и топлото смеење на Gran.

Како дополнително зајакнување на корисничкото искуство, софтверот на HP – Remote Graphics Software им овозможи уметниците во студијата во Глендејл, Редвоод Сити и Балтимор да соработуваат истовремено, на еден десктоп дисплеј.

T 

 

Сеопфатно технолошко искуство

Потпирајќи се на соработката која започна уште во 2001 година, DreamWorks Animation се довери на HP во речиси секој аспект од технологијата потребна за изработка на анимациите во “The Croods”.

 

Kлучни придобивки:

  • Континуирана мрежна достапност преку HP FlexNetwork архитектурата, која вклучува HP 12518, 5820, 5800  и 6125G/XG Switch серија со HP Intelligent Resilient Framework (IRF) со вградена иновативна технологија за виртуелизација.
  • Поедноставување во управувањето со мрежата низ студиото со HP Intelligent Management Center (pane-of-glass апликација), како и поедноставено менаџирање во печатењето со HP Managed Print Services.
  • Брз, сигурен и заштитен пристап до апликации инсталирани во студиото и на останати локации со HP 3PAR StoreServ Storage, HP MSA P2000, HP StoreAll Storage и HP StoreOnce Backup.
  • Централно управување со системот за складирање информации со HP 3PAR StoreServ кој им овозможува на инженерите од DreamWorks Animation  полесно да управуваат и да ги следат зачуваните операции преку нивниот десктоп.
  • Конзистентност на бојата при печатење, прикажување и продукција за големи екрани на креации и живописни средини за времетраењето на производството на филмот со HP DreamColor професионални монитори и печатачи.

 

Хардверот, софтверот и серверите на HP (Hewlett-Packard) го поддржаа “The Croods” од осмислување на проектот се до неговата реализација, овозможувајќи им на DreamWorks Animation да го завршат производството на филмот и да ја испорачаат очекуваната врвна графика на своите обожаватели.

За да ги доживеете овие иновации на HP посетете ја американската премиера за клиентите на HP –  HP Discover, што ќе се одржи од 11 до 13 Јуни во Лас Вегас, САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП