Фудбалерите на Работнички и Хоризонт Турново се наоѓаат на чекор до пласманот во полуфиналето во Купот на Македонија, откако во првите четвртфинални средби стекнаа убедлива предност над Силекс, односно Македонија ЃП.
Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, екипата на Работнички, убедливо славеше над Силекс со 3:0. „Романтичарите“ до победата на натпреварот кој се одигра во Велес, стигнаа со погодоците коишто ги постигнаа во второто полувреме. Серијата ја отвори Алтипармаковски, ја продолжи капитенот Илијоски, а ја заврши Вујчиќ со гол од пенал.
Труимфот на Работнички можеше да биде и поубедлив, но Илијоски во 11-та минута не успеа да реализира пенал.
Хоризот Турново како гостин во Скопје славеше над Македонија ЃП со убедливи 4:2, додека пресметката во Охрид меѓу Младост Царев Двор и Брегалница заврши без победник 1:1.
Последниот натпревар, кој е и дерби на четвртфиналната фаза, ќе се одигра в четврток, а актери ќе бидат фубалерите на Шкендија и Вардар.