2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА: Динамо Киев два меча без публика

УЕФА: Динамо Киев два меча без публика

dkiev 00

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни Динамо Киев со два натпревари пред празни трибини, поради расистичките испади кои се случија на мечот со Челзи во Лигата на шампионите.

Украинскиот тим, доби и условна казна, односно доколку во наредните три години повторно има расистички инциденти тогаш дополнително уште еден натпревар во европските купови ќе игра пред празни трибини.

Исто така, Динамо Киев е парично казнет со 100.000 швајцарски франци.

Како што се наведува во соопштението, на натпреварот против Челзи на 20.октомври, навивачите на стадионот нападнале најмалку осуммина црномурести навивачи на лондонскиот клуб.

Динамо пред празни трибини ќе го одигра решавачкиот натпревар во групата за пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите, против Макаби, а доколку мине во нокаут фазата и тој меч Динамо ќе го игра без присуство на публика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП