18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Барса без милост кон Рома

ЛШ: Барса без милост кон Рома

barsa=roma

Фудбалерите на Барселона ја декласираа Рома во петтото коло, во Е групата во Лигата на шампионите и формално обезбеди пласман во осминафиналето. Покрај Барселона пласманот во нокаут рундата го потврди минхенски Баерн. Последното коло ќе ги одреди патниците во наредната фаза во Г групата, каде за двете места во игра се Порто, Челзи и Динамо Киев.  

По величенствената победа во Мадрид, во дербито со Реал, Барселона ја декласираше Рома во Лигата на шампионите со 6:0. По два гола постигнаа Меси и Луис Суарез, а по еден Пике и Адријано.

На овој меч беа реализирани два удари од 11 метри, по еден на секоја страна, но промашувањето на Нејмар од белата точка потоа го реализираше Адријано, кој налета на одбиената топка по одбраната на Шчесни, додека Џеко не успеа да го совлада Тер Штеген. Честа на Рома ја спаси Џеко кој постигна гол со глава буквално во последните секунди од натпреварот.

Рома шансата за пласман во осминафиналето ќе ја бара на мечот со БАТЕ Борисов на домашен терен во последното коло.

БАТЕ Борисов и Леверкузен одиграа нерешено 1:1 и останаа на позициите четири и три ма табелата во Е групата. Леверкузен доминираше во Белорусија но не успеа да победи, а на крајот дури и избегна пораз со среќниот гол на Мехмеди.

Голманот Лено му подари водство на БАТЕ по само 120 секунди игра. Од тој момент белорускиот тим се повлече на својата половина и шансата да го загрози Лено ја бараше преку контранападите.

Група Е:

БАТЕ Борисов-Баер Леверкузен 1:1

(Гордјечук 2’-Мехмеди 68’)

Барселона-Рома 6:1

(Луис Суарез 15’ 44’, Меси 18’ 60’, Пике 56’, Адријано 77’-Џеко 91’)

Табела: Барселона 13, Рома 5 , Баер 5, БАТЕ 4

Рутински победи во Ф групата забележаа Баерн Минхен и Арсенал. Баерн во Минхен за 20 минути постигна три гола против Олимпијакос, а потоа победата само ја потврди со уште еден гол во второто полувреме.

Сличен тек имаше и мечот Арсенал-Динамо Загреб, домаќините набрзина во 29 и 31 минута постигнаа два гола, а потоа во второто полувреме Санчес ја потврди победата.

Баерн е прв во оваа група, а за второто место, во директен дуел во Атина ќе решаваат Олимпијакос и Арсенал.

Група Ф:

Арсенал-Динамо Загреб 3:0

(Езил 29’, Алексис Санчес 31’ 69’)

Баерн-Олимпијакос 4:0

(Даглас Коста 8’, Левандовски 16’, Милер 20’, Коман 70’)

Табела: Баерн 12, Олимпијакос 9, Арсенал 6, Динамо 3

Динамо Киев им ги расипа сметките на Порто и Челзи и со победа на „Драгао“ остана во трка за осминафиналето.

Динамо во Порто славеше со головите на Јармоленко од пенал и Гонзалес по катастрофалната грешка на Икер Касиљас.

Челзи, во Тел Авив, ја оправда фаворитската улога и убедливо победи. ‘Сините’ имаа предност на полувремето од 1:0, а во вториот дел кој Макаби го одигра со играч помалку уште три пати ја погодија мрежата на Макаби.

Група Г:

Порто-Динамо Киев

(Јармоленко 35’, Гонзалес 64’)

Макаби-Челзи

(Кејхил 21’, Вилијан 73’, Оскар 77’, Зума 91’)

Табела: Порто 10, Челзи 10, Динамо 8, Макаби 0

Дебитантот Гент ја запиша втората победа во низа која го лансираше на второто место во групата и во последното коло со евентуална победа над Зенит ќе се пласира во осминафиналето. Победата на Гент му ја донесе Кулибали во 95.минута.

Зенит и по петтото коло остана единствениот тим со максимални пет победи во Лигата на шампионите.

Рускиот првак на „Петровски“ стадионот до триумфот стигна со головите на Шатов во 15-та и Дзјуба во 74-та минута.

Група Х:

Зенит-Валенсија 2:0

(Шатов 15’, Дзјуба 74’)

Лион-Гент

(Фери 7’, Миличевиќ 33’, Кулибали 95’)

Табела: Зенит 15, Гент 7, Валенсија 6, Лион 1.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП