4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Нова победа на Зенит, реми во Борисов

ЛШ: Нова победа на Зенит, реми во Борисов

bate00

Со натпреварите БАТЕ Борисов – Леверкузен во Е групата и Зенит – Валенсија во Х групата започна петтото коло во Лигата на шампионите.

БАТЕ Борисов и Леверкузен одиграа нерешено 1:1 и останаа на позициите четири и три на табелата во Е групата. Леверкузен доминираше во Белорусија, но не успеа да победи, а на крајот дури и избегна пораз со среќниот гол на Мехмеди.

Голманот Лено му подари водство на БАТЕ по само 120 секунди игра. Од тој момент белорускиот тим се повлече на својата половина и шансата да го загрози Лено ја бараше преку контранападите.

Леверкузен имаше посед на топка од 63 отсто, упати 19 удари кон голот на БАТЕ, но израмни среќно преку Мехмеди, кој во 68. минута нафрлуваше кон Белараби, но топката имаше чудна патека и заврши во мрежата.

Зенит и по петтото коло остана единствениот тим со максимални пет победи во Лигата на шампионите.

Рускиот првак на „Петровски“ стадионот до триумфот стигна со головите на Шатов во 15-та и Дзјуба во 74-та минута.

Група Е: БАТЕ Борисов-Баер Леверкузен 1:1, Барселона-Рома
Табела: Барселона 10 (-1), Рома 5 (-1), Баер 5, БАТЕ 4

Група Ф: Арсенал-Динамо Загреб, Баерн-Олимпијакос
Табела: Баерн 9, Олимпијакос 9, Динамо 3, Арсенал 3

Група Г: Порто-Динамо Киев, Макаби-Челзи
Табела: Порто 10, Челзи 7, Динамо 5, Макаби 0

Група Х: Зенит-Валенсија 2:0, Лион-Гент
Табела: Зенит 15, Валенсија 6, Гент 4 (-1), Лион 1 (-1).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП