28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА: 40 кандидати за тимот на годината

УЕФА: 40 кандидати за тимот на годината

uefa448

Европската фудбалска унија (УЕФА) го објави списокот со имињата на фудбалери кои конкурираат за место во идеалниот тим на годината. На списокот на УЕФА има 40 фудбалери.

Европскиот првак Барселона има најмногу фудбалери во изборот – осум, вицешампионот на стариот континет Јувентус партиципира со шест, еден повеќе од минхенски Баерн.

Гласањето за тимот на годината, на официјалната интернет страница на УЕФА е отворено до 6. јануари 2016 година.

Голмани: Нојер (Баерн), Буфон (Јувентус), Бојко (Дњипро)
Одбрана: Годин (Атлетико), Пике (Барселона), Серхио Рамос (Реал), Рикардо Родригез (Волфсбург), Тијаго Силва (ПСЖ), Кјелини (Јувентус), Алаба (Баерн), Маскерано (Барселона), Бонучи (Јувентус), Боатенг (Баерн), Давид Луиз (ПСЖ), Дани Алвес (Барселона)
Среден ред: Маркизио (Јувентус), Видал (Баерн), Верати (ПСЖ), Конопљанка (Севилја), Хамес Родригез (Реал), Погба (Јувентус), Чалханоглу (Баер Леверкузен), Иниеста (Барселона), Криховијак (Севилја), Де Брујне (Манчестер Сити), Ракитиќ (Барселона), Азар (Члези)
Напад: Луис Суарез (Барселона), Алексис Санчез (Арсенал), Роналдо (Реал Мадрид), Серхио Агуеро (Манчестер Сити), Бејл (Реал), Милер (Баерн), Меси (Барселона), Ибрахимовиќ (ПСЖ), Левандовски (Баерн), Нејмар (Барселона), Гризман (Атлетико), Мората (Јувентус).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП