21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОGoal: Барселона е најпопуларен клуб во светот

Goal: Барселона е најпопуларен клуб во светот

barselona

Барселона е најпопуларниот фудбалски клуб во светот, покажува истражувањето на специјализираниот фудбалски портал „goal.com“. Во истражувањето биле опфатени 13 клубови и повеќе од 100.000 испитаници.

Од 100.000 испитаници, 18 отсто се одлучиле за Барселона, а 16 отсто за Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид е на четвртото место со 12 отсто од гласовите, колку што има и Арсенал.

Потоа следуваат Интер (6%), Баерн (5%), Челзи и Јувентус (4%), Милан (3%), Борусија Дортмунд и Манчестер Сити (2%) и ПСЖ (1%).

По континети, Барселона е најпопуларна во Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, додека во Азија и Австралија најголема популарност имаат премиерлигашите Арсенал, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Интересно, иако Барселона има голема популарност во Северна и Јужна Америка, во најголемата држава Бразил најпопуларен е минхенски Баерн, во Чиле тоа е Арсенал, а во Колумбија Интер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП