Бундеслигашот Штутфарт му врачи отказ на целиот стручен штаб на чело со главниот тренер Александер Цорнингер, објави клубот на официјалната интернет страница.
Цорнингер доби отказ поради убедливиот домашен пораз од Аугсбург (0:4), во саботата. Покрај главниот тренер отказ добија неговите двајца помошници и тренерот на голманите.
„Начинот на кој загубивме од Аугсбург не натера да направиме промени. Ги анализиравме сите актери, тренерите и играчите и ја донесовме оваа одлука“, рекол претседателот на клубот Бернд Валер.
Цорнингер на клупата на Штутгарт се задржа точно шест месеци, а клубот во моментов се наоѓа на 16-то место во Бундеслигата.
Штутгарт во наредното коло ќе гостува во Дортмунд, а тимот на овој натпревар ќе го предводи тренерот на младинскиот тим Јирген Крамни.