17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА бара доживотна суспензија на Платини?

ФИФА бара доживотна суспензија на Платини?

michel-platini-2011

Адвокатот на првиот човек на УЕФА, Мишел Платини, рекол дека Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), побарала доживотна суспензија на неговиот клиент.

Платини во моментов ја ‘одработува’ 90-дневната суспензија, поради вмешаност во корупциски скандал. Имено, тој примил два милиони евра од првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер, како надомест за советодавни услуги.

Поради овој случај три месечна суспензија доби и Блатер, кој исто така се наоѓа во центарот на вниманието поради големиот корупциски скандал кој ја тресе ФИФА.

Адвокатот Тибо Д’Алес, барањето на ФИФА за доживотна суспензија го нарекол ‘скандалозно и непотребно претерување’.

Од друга страна, адвокатите на Блатер, не сакале да ги коментираат овие наводи.

ФИФА поради овој скандал службената истрага ја отвори во понеделникот, а епилогот се очекува да биде познат наредниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП